Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одигра 1 час во триумфот на Торино над Милан. Со резултат од 2:1 победија домаќините на денешниот натпревар.
Торино поведоа во 5.та минута со автоголот на Тиав. Првиот дел го одбележи и исто така нереализираниот пенал на Кристијан Пулишиќ.
Во вториот дел се видоа повеќе голови. Милан го врати резултатот на 1:1 во 74.та минута преку Реиндерс, а Торино дојде до победа со голот на Гинеитис во 76.та минута.
Елмас излезе во 59.минута и прикажа солидно издание.
Со 41 бод на 25 одиграни кола Милан се наоѓа на 7.то место во Серија А, додека пак Торино со 31 бод е четири позиции подолу односно 11-то пласиран.





































