Македонската интернационалка Симона Василева ja продолжува својата меѓународна кариера. Василева од БиХ се сели во Грција. Таа потпиша за грчкиот тим Атинаикос.
Новиот тим на Симона, Атинаикос ја заврши прва во јужната група на А2 и го обезбеди своето враќање во А1 националната категорија. Во тешко двофазно првенство и по осумнаесет одиграни натпревари. Грчката екипа се бори да обезбеди пласман во првата лига.
Симона е ракометарка која може да игра на сите бековски позиции. Василева ја започна својата интернационална кариера играјќи за босанскиот клуб Груде, каде што потпиша претходната полусезона и се истакна со своите извонредни настапи.
„Поради лошата организација и нестабилната ситуација во Босанската лига, одлучив да го донесам одлуката да ја продолжам своето кариера во Грција.
Таму ја најдов стабилноста и условите што ми се потребни за мојот професионален раст. Се чувствувам мотивирано и подготвено за новите предизвици и сигурна сум дека ќе можам да ја покажам најдобра верзија од себе во новиот тим.
Во клубот ќе останам до крајот на оваа полусезона, а понатаму ќе ја разгледам ситуацијата во клубот и ќе донесам одлука за следната сезона. Се надевам дека ќе се подобри организацијата и условите, но ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во наредниот период”,
изјави Василева, за Спорт Плус.
Василева потекнува од школата на Металург, со кој ги мина младинските натпреварувања.
Две години играше во ЖРК Спартак, каде одлично ја водеше екипата како капитен. Во 2021 година, потпиша две годишен договор со Ѓорче Петров, со кој го освоија првото место во женската Супер лига. Симона исто така една сезона беше дел од тимот на Вардар каде се покажа во одлично светло.
Ивона Кимовска