Во осминафиналето на турнирот во Дубаи, првата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, беше поразена од Клара Таусон од Данска со резултат 6:3, 6:2. Мечот траеше еден час и 24 минути, а Таусон, која е рангирана на 39.место на ВТА листата, успеа да ја изненади фаворитката и да се пласира во четвртфиналето.

Во првиот сет, Сабаленка имаше проблеми со неизнудени грешки и сервисо. Тоа и овозможи на Таусон да направи брејк во петтиот гем и да поведе со 4:2. Сабаленка не успеа да се врати во сетот и го загуби со 6:3.

Во вториот сет, Сабаленка успеа да направи брејк, но брзо го загуби својот сервис повторно, покажувајќи видлива фрустрација. Таусон ја искористи оваа ситуација и направи уште еден брејк, поведувајќи со 4:1. Сабаленка не успеа да се врати во натпреварот, а Таусон го заврши мечот со уште еден брејк, победувајќи со 6:2.

Во четвртфиналето, Клара Таусон ќе се соочи со чешката тенисерка Линда Носкова