Актуелните макеоднски шампинки, ракометарките на Ѓорче Петров ја продолжија доминацијата во домашното првенство.
Во последниот натпревар од 5.коло на плејоф конкуренцијата во Супер лигата, Ѓорчепетровки славеа над Металург Автокоманда со 35-27.
Едно добро полувреме, првото, не беше доволно за домашниот состав на Металург да слави над шампионот. Во најголемиот дел од првиот дел, Металург имаше водство, а на полувреме замина со два гола предност (15-13). Сепак на стартот на вториот дел „Лавиците“ од Ѓорче ја наметнаа својата препознатлива игра. Брзо ја анулираа негативата, поведоа и континуирано ја зголемуваа предноста. На крајот Ѓорче Петров славеше со осум голови разлика.
Најефикасна во победничката екипа беше Ивана Дежиќ со 9, додека Есма Муратовиќ постигна 7, а Ана Вранчиќ 6 голови. Во поразениот тим на Металург, но и на натпреварот, прв стрелец беше Марија Јанкуловска со 10 голови.
Ѓорчепетровки со сега има пет од пет во плејоф конкуренцијата и е лидер на табелата со два бода повеќе од Чаир, а четири од Металург.
Веќе во сабота (18 часот) ќе се игра дербито меѓу Чаир и Ѓорче Петров.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 11 бодови, Чаир 9, Металург Автокоманда 7, Вардар 4, Куманово 3, Астибо 0.
Ивона Кимовска