Се одигра првиот натпревар по НБА Ол-стар паузата, во кој Лос Анџелес Лејкерс беше домаќин на Шарлот. Гостинскиот тим на Хорнетс направи изненадување и славеше победа со 100:97.

Иако Лејкерси имаа 13 поени предност на средината на третата четвртина, сепак не успеаја да ја сочуваат/. Гостите го свртеа натпреварот со серијата на гостите од 21-1.

Во последните секунди Лејкерси имаа шанса да добијат продолженија, но Леброн Џејмс промаши два шута за три поени. Леброн натпреварот го заврши со 26 поени, 11 асистенции и седум скока. Лика Дончиќ постигна 14 поени со 11 скока и осум асистенции, но со слаб шут од поле, 4/9 за два, 1/9 за три поени.

Мајлс Бриџис со 29 поени, беше прв стрелец во победничката екипа за која Ламело Бол додаде 27 поени.