Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по само еден одигран меч го заврпи својот настап на турнирот во Дубаи.
Србинот уште во првото коло е елиминиран од Матео Беретини. Италијанецот го доби мечот, што траеше час и 35 минути, по два одиграни сета.
Во првиот, се водеше голема борба, а беше решен во тај-брејкот. Беретини о реши во својата полза со 7-4 на поени (7-6 гемови). Во вториот сет, по освоениот свој сервис, Беретини направи брејк и поведе со 2-0. Ѓоковиќ и во осмиот сет го загуби својот сервис, па Италијанецот го соби сетот со 6-2.
Противник на поранешниот финалист на Вимблдон во следната рунда ќе биде Холанѓанецот, Талон Грикспур.