Македонските кошаркари се подготвуваат за двата клучни натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2025-та.

Првиот црвено-жолтите ќе го играат на гостински терен во Талин против Естонија во четврток.

Вториот, воедно и последен од овие квалификации, против Полска, ќе се игра во Скопје, на 24 февруари (понеделник). Од денеска пуштеи се во продажба влезниците за овој натпревар и тоа по цена од 300 денари.

Продажбата на картите се одвива преку онлајн сервисот на „МКТикетс“ на следниот линк.

ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК