Во Сан Франциско се одржа 74-тиот НБА Ол-стар натпреварот и тоа во нов формат.
Четири екипи, прво играа полуфинале, а победниците од тие натпревари во финалето. Три тима беа избрани и предводени од легендарните Шекил Онил , Чарлс Баркли и Кени Смит. Четвртиот тим беше составен од дебитанти и играчи во нивната втора година во лигата.
Во првото полуфинале „Чак Глобал Старс“ го победи „Кени Јанг Старс“ со 41:32. Тимот на Баркли со исклучок на Треј Јанг и Донован Мичел, беше ставен од играчи кои не се од САД, а беше предводен од трикратниот МВП на лигата Никола Јокиќ.
Во второто полуфинале настапија „Тим Шек“ и „Тим Кендис Рајзинг Старс“. Дебитантите дадоа отпор на докажаните и искусни НБА ветерани во поголемиот дел од натпреварот, но тимот на Шек победи со 42:35.
Големото финале мина во знакот на тимот Онил, кој почна со серија од 11-0 и не му дозволи на Баркли да се врати во игра. На крајот заврши со убедлива победа на „Тим Шек“ од 41:25.
Џејсон Тејтум беше најдобар стрелец во финалето со 15 поени, но наградата за МВП му припадна на Стеф Кари. Тој постигна 12 поени и втор пат ја освои наградата која сега го носи името на легендарниот Коби Брајант.