Штипските Соколи кои се лидери на табелата во Втората лига, со големи амбиции, па и реални шанси, за влез во прволигашкото друштво.

Групата на ентузијасти која пред три години, на своевиден начин ја врати кошарката во градот, макотрпно работи на реализацијата на планот, Штоп да има Прволигаш.

Дека во штипската публика ја сака кошарката потврдува и редовната голема посета во салата „Јордан Мијалков“ каде Соколи ги играат своите натпревари.

Сега челните луѓе на штипските Соколи, тоа сакаат да го надополнат и со јавна дебата, на кој штипјани уште еднаш може да ја изразат својата љубов кон кошарката. Истовремено низ јавната дискусија, клубот и сите околу него, имаат намера да се стекнат со нови идеи како да го реализираат својот план.

Од клубот порачуваат

Почитувани,

Кошаркарскиот клуб „СОКОЛИ 1933″ од Штип има чест да Ве покани и да Ве замоли за активно учество на јавната трибина со наслов „ШТИП ЈА САКА КОШАРКАТА”.

Цел на оваа трибина е да се слушнат повеќе дискусии, мислења, предлози, размислувања, идејни решенија кои би придонеле за подобро утре на овој атрактивен спорт!

Јавната трибина ќе се одржи на 19.02.2025 година (среда) во просториите на Домот на млади – Штип .