Младинскиот репрезентативен голман Давид Брестовац е новото име во редовите на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. 

Битолчани денеска го договориле талентираниот Брестовац на двеипол годишна соработка.

Иако млад, членот на младинската репрезентација зад себе веќе повеќегодишно меѓународно искуство.

Од таборот на пелистерци информираа:

Процесот на доведување млади македонските ракометари во нашите редови продолжува. Давид Брестовац е нов член на Еурофарм Пелистер и се обврза на двеипол годишен договор со нашиот клуб.

Се работи за 20-годишен голман, кој доаѓа од ракометно семејство, и веќе има меѓународно искуство. Бранејќи за Котбус и Волф Вирцбург, Брестовац стекна драгоцени минути во нозете. Тој се наметна и носејќи го дресот на македонската младинска репрезентација, со која настапи и на големи натпреварувања.

Давид Брестовац веднаш ќе се приклучи на екипата и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Неговото претставување е предвидено деновиве, по пристигнувањето во Битола.