Ракометарите на Алкалоид забележаа победа на последниот натпревар од 18.коло од Супер лигата. Тие вечерва го совладаа Фриут Ленд Борец од Велес со 42:30 (23:16). Ова за Алкалоид е 17-та победа и тимот на Кирил Лазаров сега е сам на врвот на табелата со 34 бодови или два повеќе од конкурентите првакот Еурофарм Пелистер и Вардар.

Дуелот со ФЛ Борец, Алкалоид го одигра без неколку играчи од првиот тим кои беа на трибините „да одморат“ (Галевски, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов, Ѓорѓиев), додека Марко Митев, Велковски и Кизиќ остнаа на клупата без минути. Со таков расплет на силите Алкалоид по 10.минути игра поведе со 10:5, но гостите од Велес ја играа својата игра и во неколку наврати намалија на два негатива (13:11 и 14:12), пред се благодарение на голманот Бојан Солев кој имаше 11 одбрани во првиот дел или вкупно 17 за 48 минути игра. Во финишот на првиот дел со серија од 6-1 Алкалоид дојде до предност од 23:15. Полувреме беше 23:16.

Во вториот дел разликата во квалитет пред се подобрата физичка подготвеност придонесе Алкалоид да ја зголемува предноста и во 57.минута за првпат беше и двоцифрена – 39:29, а потоа и највискоите 42:29.

Најефикасен на натпреварот беше новиот играч кај Алкалоид Мартин Ивановски со 15 минути, а голманот Благојче Трјкоски имаше 15 одбрани.

Во следното коло Алкалоид гостува кај шампионот Еурофарм Пелистер во Битола, а најпрво во сабота го игра реванш дуелот од Европскиот куп (осминафинале) со Бриксен од Италија и македонскиот тим има предност од 12 разлика од првиот дуел одигран во саботата 44:32.