Со натпреварите од 19.коло одиграни попладнево, започна пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Дербито се играше на арената  ,,Тодор Проевски”, каде Вардар ја пречека тетовска Шкендија која славеше со 2-1.

На првиот гол се чекаше се со 54.минута кога Бесарт Ибраими со ефектен удар им донесе предност на гостите.
Во 64.минута беше досуден најстрога казна на Вардар. Во првиот обид ударот на Захариќ го одбрани Амзаи. По сугестија на првиот помошник, изведувањето на пеналот беше повторено, а Босанецот тоа го искористи и израмни на 1-1.
Радоста на вардарци не траеше долго бидејќи во 76-тата Сенегалецот, Тамба повторно и донесе водство на Шкендија.

Во Кратово лидерот Силекс освои само против  Тиквеш.   Босанецот, Адин Алиќ во 30.минута му донесе водство на Силекс од 1-0. Гостите од Кавадарци стигнаа до израмнување во 78.минута преку Берат Седик.

Од водечкото трио на табелата по есенскиот дел, Работнички претрпе пораз на гостувањето во Чаир. Домаќините поведоа со голот на интернационалецот од Гана, Аворњо во 29-тата минута. Вториот гол за домаќините го постигна Имери во 75-тата минута.

Во дуелот на екипите кои се борат за опстанок Воска спорт ја победи Беса со 2-0. Со истиот резултат Гостивар го совлада шампионот Струга Т.Л. Единствениот натпревар без голови се одигра во Битола каде Пелистер ја пречека АК Брера.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА