По нешто повеќе од два месеци пауза, македонската спортска сцена од денеска е побогата и со натпреварите Првата фудбалска лига.

На програмата се дуелите од 19 коло во Првата лига.

Дербито ќе се играа во Скопје, каде Вардар ќе ја пречека тетовска Шкендија. Овој натпревар ќе се игра без присуство на гостинските навивачи, откако раководството на Вардар го одби барањето на тетовската екипа.

Лидерот на табелата Силекс на домашен терен ќе игра против кавадаречки Тиквеш.

Тимот на Работнички кој како Силекс и Шкендија есенскиот дел го заврши со 37 бодови, во ова коло ќе му гостува на Шкупи.

Интересно се очекува да боде и на натпреварот меѓу четврто и петто пласираните екипи на табелата Гостивар и Струга ТЛ.

Во преостанатите два натпревари ќе играат Пелистер – АП Брера и Воска- Беса во делот на екипите што како и Вардар се борат за опстанок.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 19.КОЛО

Недела 14 часот
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
СИЛЕКС – ТИКВЕШ
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – СТРУГА Т.Л.
ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА
ВОСКА- БЕСА