Екипата на Тренто е освојувач на трофејот во кошаркарскиот Куп на Италија.
Во финалето на завршниот турнир одржан во Торино, тимот на Тренто го совлада Армани Милано со 79-63.
Екипата на Тренто и на овој турнир само потврди дека не случајно е водечки тим и во првенството. Милано беше рамноправен во првото полувреме се до 16.минута кога почна серијата на Тренто. Имаа новите куп победници и 18 поени разлика, а Месина и неговите избраници немаа решение за расположениот противник.
Макеоднскиот репрезентатовец Ненад Димитријевиќ одигра само 12 минути за поразената екипи, а заврпи со по еден поен и асистенција, односно два скока.
За Трентот ова е историски прв трофеј во Купот на Италија во нивната клупска историја.