Ракометарите на Вардар ја впишаа 16-тата победа во Суперлигашката конкуренција.

Во дуелот од 18.коло одигран попладнево во Скопје, Вардар лесно и убедливо го совлада Прилеп со 36-25.

Освен почетните водства на гостите 0-1 и 1-2, се натаму мина во знакот на црвено-црните. Брзо Вадар ја презеде контролата над играта, а со тоа и резултатот. Уште на полувремето беше јасно дека бодовите остануваат во Скопје, а Вардар иако на одмор замина само со четири голови предност (16-12). Во второто полувреме вардарци од минута во минута ја зголемуваа разликата која на крајот изнесуваше 11 голови (36-25).

Милан Лазаревски со 8 голови беше прв стрелец во победничката екипа за која Ашраф Маргхели постигна 6, а Михаил Аларов пет. Најефикасен играч кај прилепчани и на натпреварот беше Денис Шабановиќ со девет голови.

Вардар сега е втор на табелата со 32 бодови колку што има и лидерот Алкалоид, а два повеќе од Еурофарм Пелистер кој утре гостува кај Охрид.