Фудбалерите на Наполи останаа без два бода на гостувањето кај Лацио на „Олимпико“. Без победник 2-2 заврши првиот од двата дерби дуели од 25.коло во Серија А.

Лацио поведе во шестата минута со голот на Густав Исаксен. Радоста на домаќините траеше само седум минути, бидејќи Џакомо Расаподори набрзо го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето не беа забележани посериозни шанси на двете страни.

Во второто полувреме односно 64-тата минута гостите пак поведоа, сега со 1-2, откако Марушиќ си постигна автогол. Но домашниот тим не се откажа, па, преку Сенегалецот, Биа во 87.минута повторно израмни на 2-2. Тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот.

Наполи кој е лидер на табелата сега има 56 бодови, само два повеќе од шампионот Интер кој е втор. Тимот од Милано утре ќе го игра својот натпревар од ова коло и тоа дербито на гостински терен против Јувентус.