Со дуелите од 16.коло во Втората лига, стартуваше пролетниот дел од сезоната во мак-фудбалот.

Лидерот на табелата Македонија Ѓорче Петров славеше минимална победа на гостувањето кај Охрид со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за „лавовите“ беше Кире Маркоски во 76-тата минута.

Со ист резултат 1-0, но пред своите симпатизери, победа славеше и второ рангираниот Башкими во дуелот со Борец.

Победничкиот погодок беше ремек-дело на Христијан Митревски во 83-тата минута.

За два бода „пократки“ останаа фудбалерите на Брегалница која одигра без голови во Прилеп со Победа, но штипјани и натаму се трети.

ВТОРАЛ ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

ОХРИД – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1
БАШКИМИ – БОРЕЦ 1:0
ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 0:0
БЕЛАСИЦА – АРСИМИ 0:1
НОВАЦИ – ФЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0:0
ВАРДАР НЕГОТИНО – ОСОГОВО 1:0
КАМЕНИЦА САСА – КОЖУФ 1:1
ВАРДАРСКИ – СКОПЈЕ 0:3

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 41 бод, Башкими 35, Брегалница 34, Арсими 32, Детонит Плачковица 26…