Екипата на Армани Милано е првиот финалист во кошаркарскиот Куп на Италија. Популарните „манекени“ на Армани во беа подобри од Бреша.
Во првиот полуфинален дуел на завршниот турнир што се игра во Торини, Милано славеше со 74-69.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра само 11.минути за кои постигна 4 поени, а имаше и една асистенција.
Кој ќе биде противникот на Милано ќе дознаеме вечерва. Во второто полуфинале ќе играат екипите на Трст и Тренто.