Домашната спортска сцена од викендов ќе биде збогатена и со натпреварите во двете фудбалски конкуренции. Утре ќе стартуваат второлигашите, а во недела на програмата се натпреварите од 19 коло во Првата лига.

Дербито ќе се играа во Скопје, каде Вардар ќе ја пречека тетовска Шкендија, a главен судија на овој меч ќе боде скопјанецот Игор Стојчевски. Овој натпревар ќе се игра без присуство на гостинските навивачи, откако раководството на Вардар го одби барањето на тетовската екипа.

Лидерот на табелата Силекс на домашен терен ќе игра против кавадаречки Тиквеш, а правдата ќе ја дели пролепчанецот Влатко Илиоски.

СУДИИ ЗА НАТПРЕВФАРИТ ОД 19.КОЛО ВО ПМФЛ

Недела 14 часот
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
СИЛЕКС – ТИКВЕШ
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – СТРУГА Т.Л.
ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА
ВОСКА- БЕСА