Само четири натпревари ноќеска беа на програмата во НБА лигата, а сите завршија со победи на гостинските екипи.
Индивидуално го издвојуваме оној во Мемфис каде гостуваше екипата на Феникс. Домашниот состав славеше победа со 119-112нсо која се зацврсти на 2.место во Западната конференција.
Иако неговиот тим загуби, сепак, Кевин Дурaнт имаше причина да слави. Тој стана само осмиот играч во историјата на НБА со 30.000 поени во кариерата. Дурaнт натпреварот го заврши со 34 поени кои сепак не им помогнаа на Феникс да избегнат пораз.
Њујорк на гости во вечерното дерби ја совлада Индијана со 128:115.
Најдобри перформанси за Никс имаа Карл-Ентони Таунс со 40 асистенции и 12 скока и Џош Харт со 30 поени и 10 скока. Во поразениот тим на Пејсерски најефикасен беше Паскал Сијакам со 24 поени.
Њујорк е цврсто на третото место на Истокот со скор 35-18, додека Индијана и натаму е четврта на конференцијата со скор 29-23.
Успешната вечер на гостинските екипи ја заокружија Торонто и Детроит.
Канадската екипа на Репторс славеше на теренот на Филаделфија со 106-103, а Пистонси во Чикаго ги совладаа Булс со 132-92.