Екипата на Армани Милано е втората што обезбеди пласман во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Италија.

Тимот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во четвртфиналето беше подобар од Виртус Болоња со 91-77.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со 14 поени, 3 асистенции и 1 скок.

Противник на Милано во полуфиналето ќе биде екипата на Бреша која беше подобра од Тортона.

Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од утрешните натпревари, Тренто – Реџина и Трапани – Трст.