Александар Јончевски го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета во последните два натпревари во евро-квалификациите.
Македонија ја очекуваат два клучни натпревари. Првиот во Талин (21 февруари) против Естонија каде мора да се слави победа со повеќе од пет поени разлика. Победата е императив и во дуелот со Полска (24 февруари) во Скопје. Само така Македонија може до ново учество на завршницата на Европското првенство.
На списокот на Јончевски меѓу шеснаесетмината се и ТиЏеј Шорц, Итан Хап и Андреј Јакомовски.
Неодамна селекторот Јончевски повторно го најави отсуството на Итан Хап кој поради повреда ги пропушти претходните два натпревари. Причината повторно е повреда на Американецот, па неговото присуство и помош е под знак на прашање.
Повеќе од јасно е дека и Андреј Јакимовски не ќе може да помогне. Тој со својата екипа Клолорадо „Бафалос“ во тој период има обврски во Универзитетската НЦАА лига.
Затоа пак тогаш без евролигашки обврски се Шорц и Димитриевиќ, па двајцата може да му се стават на располагање на селекторот и репрезентацијата.
На списокот ги нема Мекиќ поради повреда и Николов кој одигра одлично на првиот натпревар против Литванија, како и ветеранот Дамјан Стојановски.
Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 17. февруари (понеделник) во 18 часот, во СРЦ Кале.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Шошкиќ – Работнички
Теодор Симиќ – Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Андреј Јакимовски – Вашингтон Визардс
Итан Хап – Валенсија
Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл