Со нетрпение се очекуваше првиот настап на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс, а не е чудно што привлече толкаво внимание.
Словенецот за прв пат истрча на теренот во дресот на Лос Анџелес Лејкерс и веднаш забележа убедлива победа. Лејкерси славеа пред своите навивачи над Јута со 132:113.
Дончиќ одигра солиден натпревар, со оглед на тоа што беше негов прв настап за нов клуб и прв настап по Божиќ кога се повреди. Тој во дебито мина 23 минути на теренот, го напушти паркетот на крајот од третата четвртина, со 14 поени, пет скока и четири асистенции.
Леброн Џејмс беше прв стрелец постигнувајќи 24 поени, осум асистенции и седум скока. Остин Ривс додаде 22 поени и девет скока, а Руи Хачимура забележа 21 поен и шест скока.