Екипата на Филаделфија Иглс е новиот шампион во американската НФЛ лига. Во 59-тото издание на „Супер Болот“ одржан во Њу Орлеанс, Филаделфија убедливо славеше над Канзас Сити Чифс со 40:22.

Натпреварот го реши одбраната на „орлите“, која блескаше во текот на целиот натпревар, особено во првото полувреме. Ова и овозможи на Филаделфија да оди на полувреме со водство од 24-0, а на стартот на вториот дел и 27-0.

Така Филаделфија му се реваншира на Канзас за поразот во финалето пред две години кога Чифс славеа со 38-35.

Така Иглс втор пат во клупската историја го освоија трофејот „Винс Ломбарди“, откако првиот подигнаа во 2018 година со победа над Њу Ингланд Патриотс. Канзас Сити не успеа да острвари „хет-трик“ односно три пати во низа да биде шампион.

На стадионот во Њу Орлеанс љубителите на овој спорт можеа да уживаат во популарниот „Half Time Show“. Годинава нив ги забавуваше американскиот рапер Кендрик Ламар , кој освои пет Греми награди.