Фудбалерите на Рома славеа победа на гостувањето кај Венеција и освоија важни три бода.
На дуелот од 24.коло во Серија А, тимот на Рома ја совлада Венеција со 1-0.
Стрелец на победничкиот гол за римската ,,волчица” беше Паоло Дибала во 57-мата минута.
Рома сега има 34 бодови кој ја рангираат на деветата позиција. Сепак тимот од Рим заостанува зад конкуренцијата која претендира за настап на европската сцена.