Сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска во Рига, Летонија, ќе го игра последниот натпревар во квалификациите за Евробаскет 2025.
Македонските кошаркарки на досегашните пет одиграни натпревари не успеаја да се израдуваат на победа. Нашите кошаркарки овој циклус на квалификации ќе го завршат со дуелот против Украина.
Шансите за сензационална и евентуална победа се многу мали. Ова имајќи во предвид дека Украинките, кои досега остварија само една победа, а тоа го сторија во Скопје. Тие ја надиграа Македонија со 49 пени разлика.
Натпреварот Украина – Македонија почнува од 19 часот, е во рамките од Г квалификациската група, во кој денеска играат и Португалија – Србија.
Србинките се убедливо први со максимални 10 бода, а по нив следуваат Португалија со 7 и Украина со 6, а Македонија е последна со пет бода.