Со натпреварот одигран во Кавадарци во кој Тиквеш го совлада Радовиш, стартуваше вториот дел од сезоната во машката ракометна Супер лига.
Кавадарчани ја оправдаа улогата на фаворит и лесно стигнаа до бодовите со Радовиш славејќи победа со 32-26. Во текот на целиот натпревар домаќините беа оние кои го диктираа темпото, а со тоа и резултатот. Постојано Тиквеш имаше резултатска предност, а најголемата изнесуваше шест гола. Со таа разлика кавадарчани го добија натпреварот (32-26).
Даниел Андоноски со седум гола беше прв стрелец во победничката екипа, а 7 гола кај Радовиш постигна Славе Јанковски.
За Тиквеш ова беше осми триумф сезонава, со кој е се поблиску до место во разигрувањето, а Радовиш останува последен на табелата.
Денеска во Супер лигата ќе се играат и останатите пет натпревари, а сите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 17.коло
ТИКВЕШ – РАДОВИШ 32-26
16.30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР –КУМАНОВО
18.00 СТРУГА – АЛКАЛОИД
18.00 ПРОЛЕТ – ВАРДАР
18.00 Ф.Л. БОРЕЦ – ОХРИД
18.30 ПРИЛЕП – БУТЕЛ