Со денешните шест натпревари од 17.коло од Супер лигата продолжуваат борбите за плеј-офот пред се.
Дербито на колото ќе се игра во Прилеп, каде истоимената домашна екипа го пречекува тимот на Бутел. Ова е натпревар на осмопласирана екипа против петтопласираниот, а бодовната разлика е два бода во корист на гостите. Двете екипи се борат за пласман во плеј офот, односно меѓу првите шест екипи. Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот.
Оваа рунда ќе стартува со дуелот што се игра напладне (12 часот) меѓу Тиквеш и Радовиш, каде домашната екипа е апсолутен фаворит. Шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува МРК Куманово во салата „Боро Чурлевски“ од 16:30 часот.
Три натпревари се играат во термиот од 18 часот, а два се во Скопје и еден во Велес.
Лидерот на табелата Алкалоид ќе „гостува“ во Автокоманда против Струга и овој дуел за избраниците на Кирил Лазаров треба да биде „загревање“ за евронастапите со Бриксен од Италија. Во „скопската пресметка“ Пролет го пречекува Вардар, додека во Велес Фриут Ленд, кој има неколку промени во составот го пречекува Охрид.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
СУПЕР ЛИГА – 17.КОЛО
12:00 ТИКВЕШ – РАДОВИШ
16:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МРК КУМАНОВО
18:00 СТРУГА – АЛКАЛОИД (се игра во Скопје, сала Автокоманда)
18:00 ПРОЛЕТ 62 – ВАРДАР
18:00 ФРИУТ ЛЕНД БОРЕЦ – ОХРИД
18:30 ПРИЛЕП – БУТЕЛ
ТАБЕЛА: Алкалоид 30 бодови, Е.Пелистер 28, Вардар 28, Охрид 25, Бутел 16, Тиквеш 16, Пролет 62 14, Прилеп 14, МРК Куманово 8, Фриут Ленд Борец 6, Струга 6, Радовиш 1.