Водечкото трио и кандидатите за шампионската титула во ракометното првенство Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар забележаа победи во дуелите од 17.коло (прво во вториот дел од сезоната), додека дербито во Прилеп им припадна на гостите ракометарите на Бутел.

На дуелот во Прилеп со кој беше комплетирано ова коло, домашниот тим имаше водство во првиот дел од 12:9, но гостите сепак на полувреме водеа со 17:16. Во вториот дел бутелчани откако обезбедија позитива од 6 разлика (23:17) ја зачуваа предноста и славеа важна победа за пласман во плеј офот (првите шест екипи на табелата).

Лидерот Алкалоид, кој само во записникот беше гостин во дуелот со Струга во салата во Автокоманда оствари победа со 38:14, притоа 14-те примени голови се најмалку на една екипа во оваа сезона. Првакот Еурофарм Пелистер очекувано славеше убедливо со МРК КУманово со 46:26, додека Вардар го совлада Пролет со 34:29.

СУПЕР ЛИГА – 17.КОЛО РЕЗУЛТАТИ

ТИКВЕШ – РАДОВИШ   32:26
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МРК КУМАНОВО   46:26
СТРУГА – АЛКАЛОИД 14:38
ПРОЛЕТ 62 – ВАРДАР   29:34
ФРИУТ ЛЕНД БОРЕЦ – ОХРИД   29:35
ПРИЛЕП – БУТЕЛ   28:33

ТАБЕЛА: Алкалоид 32 бода Е.Пелистер 30, Вардар 30, Охрид 27, Бутел 18, Тиквеш 18, Пролет 62 14, Прилеп 14, МРК Куманово 8, Фриут Ленд Борец 6, Струга 6, Радовиш 1.