Фудбалерите на Милан се израдуваа на многу важна и тешко остварена победа против Емполи.

Во натпреварот од 24.коло на Сррија А, екипата на Милан како гостин го совлада Емполи со 2-0.

Цврстиот натпревар кој изобилуваше со бројни жестоки дуели, резултираше со бројни жолти и по еден црвен картон на двете страни.

Милан кој ја имаше улогата на фаворит, отпорот на Емполи го скрши во второто полувреме со два гола. Стрелци беа Леао во 76-тата и Терачиано во 84-тата минута.

Со оваа победа Милан се искачи едно место погоре на табелата и сега е седми со 38 бодови еден повече од Болоња кој утре гостува кај Лече.

Сепак „росо-нерите“ заостануваат четири бодови зад Лацио и Фиорентина, а пет зад Јувентус, во трка за позициите што водат во европските купови.

Standings provided by Sofascore