Шампионот Еурофарм Пелистер очекувано славеше победа над Куманово во натпреварот од 17.коло на машката ракометна Супер лига.

Битолчани во ниту еден момент не им дадоа шанса на гостите да се понадеваа на сензација. Уште во првиот дел, пелистерци го најавија триумфот, а на одмор заминаа со убедливи 13 голови разлика (25-13). само формалност беше вториот дел, па на крајот Е.Плистер славеше со 20 голови разлика 46-26.

Најефикасен на натпреварот беше Богдан Радивојевиќ со 11 голови, додека Ненад Костески постигна осум. Пелистер сега со 30 бодови се израмни лидерот на табелата Алкалоид кој вечерва во Автокоманда игра против Струга.

Покрај овој меч, во тек се уште три натпревари од ова коло, кое го отворија Тиквеш и Радовиш, а кавадарчани се радуваа на победата.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 17.коло

ТИКВЕШ – РАДОВИШ 32-26
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 46-26
18.00 СТРУГА – АЛКАЛОИД
18.00 ПРОЛЕТ – ВАРДАР
18.00 Ф.Л. БОРЕЦ – ОХРИД
18.30 ПРИЛЕП – БУТЕЛ

ТАБЕЛА: Алкалоид 30 бодови, Е.Пелистер 30, Вардар 28, Охрид 25, Тиквеш 18, Бутел 16, Пролет 14, Прилеп 14, Куманово 8, Ф.Л. Борец 6, Струга 6, Радовиш 1.