Швајцарскиот скијач Марко Одермарт е старо-новиот светски шампион во дисциплината супер-велеслалом.
До златото на Мундијалот во алпски дисциплини што се одржува во Залбах, Одемарт стигна со време од 1:24.57 минути.
Тоа беше за цела секунда побрзо од второпласираниот Рафаел Хасер од Абвстрија.
Норвежанецот Смисет Адријан Сејерстед кој заостана 1,15 секунди за Одемарт, се закити со бронзениот медал.
За Одермат тоа е трет медал од Светските првенства, откако на претходниот Мундијал во Куршевел, ги освои златните медали во супер-џи и спуст.