Фудбалерите на Фиорентина славеа убедлива победа над шампионот Интер во заостанат натпревар од 14.коло на Серија А.
на дуелот одигран во Фиренца, домаќините победија со убедливи 3-0.
Откако во првиот дел мрежите мируваа, во вториот „виолетовите“ три пати го совладаа гостинскиот голман Сомер.
Раниери во 60-тата го отвори резултатот. Само осум минути подоцна Мојс Кин зголеми на 2-0. Интер се обидуваше да се врати во игра, но вечерва стрелците беа неефикасни. Тоа го казни Кин со свој втор гол поставувајќи ги конечните 3-0 за Фиорентина,
На овој резултат секако се израдува тимот на Наполи кој е прв на табелата со 54 бодови, бодови повеќе од Интер (51). Третото рангирана е Аталанта со 47, а Фиорентина скокна за две места и сега е четврта со 42 бода.