Екипата на Реал Мадрид го претрпе и вториот пораз за три дена на гстувањата во Истанбул.

Откако загубија од Анадолу Ефес, сега „Кралевите“ се поразени од Фенербахче со 78-67 во натпреварот од 26.коло на Евролигата.

До петата победа во низа, пред домашните симпатизери, Фенербахче го предводеа,  Хејс-Дејвис со 20 и Меколум со 19 поени.

Турската екипа останува на 2.,место на табелата со една победа помалку од лидерот Олимпијакос. Екипата на Реал Мадрид е единаесетта и ја чека борба за место во разигрувањето.