Фудбалерите на Реал Мадрид, потешко од очекуваното и со гол во судиското дополнение, го победи Леганес и се пласираа во полуфиналето на шпанскиот Куп.
Вториот дуел од четвртфиналната рунда, одигран вечерва, Реал го доби на гостински терен со ___ .
„Кралевите“ поведоа со голот на Лука Модриќ во 18-тата минута. Веќе во 25.минута младиот Бразилец, Ендрик зголеми на 2-0. Домашниот тим не се откажа и успеа да ја анулира негативата. Со двата гола на Круз (од пенал 39.минута и 59), Леганес израмни на 2-2.
Во продолжението на натпреварот, двата тима се обидуваа да стигнат до трет гол и водство. Неколку шанси имаа едните и другите, но повеќе среќа имаа гостите. Кога сите очекуваа крај и продолжение, Гонзало Гарсија во третата минута од судиското дополнение погоди за 3-2 и победа на Реал.
Со тоа Реал му се приклучи на градскиот ривал Атлетико во полуфиналето на „Копа дел Реј“.
Кои ќе бидат другите два тима меѓу полуфиналистите ќе дознаеме утревечер.
„КОПА ДЕЛ РЕЈ “ 1/4 ФИНАЛЕ
Среда
ЛЕГАНЕС – РЕАЛ МАДРИД 2-3
Четврток
19.30 Р.СОСИЕДАД – ОСАСУНА
21.30 ВАЛЕНСИЈА – БАРСЕЛОНА
Вторник
АТЛЕТИКО МАДРИД – ГЕТАФЕ 5-0