Фудбалерите на Њукасл се првите финалисти во англискиот лига или популарен „Карабао Куп“.

Њукасл и во реванш полуфиналниот натпревар го победи Арсенал со 2-0, идентично како и на првиот во Лондон.

Стрелци на головите за Њукасл беа Марви во 19-тата и Гордон во 52-та минута.

Кој ќе биде противник на Њукасл во финалето што ќе се игра на 16 март на „Вембли“, ќе дознаеме утревечер.

Тоа откако Ливерпул и Тотенхем на „Енфилд“ ќе го одиграат својот реванш полуфинален дуел. Во него гостите од Лондон ќе влезат со минимална предност од 1-0, остварена на првиот натпревар.