Женската кошаркарска репрезентација на Македонија утрово замина за Белград, каде утре ќе го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за Евробаскет 2025.

Селекторот Александар Ашаданов, се надева на добра игра на неговите избранички, иако исходот од натпреварите нема да има влијание на табелата во Г групата.

„Два натпревара кои на хартија немаат значење, но за нас доста важни да покажеме дека можеме да играме со најдобрите.

Најпрво се сретнуваме со екипата на Србија која е главен фаворит во групата и екипа од висок ранг. Доста подмладена во последниот период, но на чело со Марина и те како ќе бидат повторно фаворити за највисок пласман.

Веќе во недела не очекува уште едно тешко гостување овој пат кај Украина во Рига.

Подготвени влегуваме во двата дуела, со добра атмосфера и желба се надеваме на позитивен исход“, истакна селекторот Ашаданов.

Натпреварот Србија – Македонија што ќе се игра утре (четврток) ќе почине во 18 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ. 

Последниот натпревар против Украина македонските кошаркарки ќе го играат во Рига, во недела (9 февруари) од 19 часот.