Во австрискиот скијачки центар Залбах од денеска па се до 16 февруари ќе се одржува Светското првенство во алпски дисциплини.
Вкупно во 11 сета на медали ќе бидат доделени во наредните 13 денови, за кои ќе се натпреваруваат над 700 скијачи.
Се започна попладнево со натпреварите во екипниот паралел-слалом во мешана конкуренција.
Првиот сет на медали веќе е поделен.
Златото го освоија италијанмските скијачи во состав: Џорџија Коломб, Филипо Дела Вите, Лара Дела Меа и Алекс Винацер,
Тие во финалето беа подобри од Швајцарците (Венди Држач, Лука Аерни, Делфина Дарбелај и Томас Тумлер) поради севкупното збирни време по четирите трки, иако по два триумфи имаа двете селекции.
Бронзениот медал им припадн на Швеѓаните кои беа подобри од Американците со 3-1 во победи.