Во „Копа Италија“ денеска и утре ќе се одиграат првите два натпревари од четвртфиналето.
Вечерва во Бергамо екипата на Аталанта го пречекува составот на Болоња во натпреварот од 21 часот. Во истиот термин утревечер во Милано, тимот на Милан за противник ќе ја има Рома.
И втората миланско-римска пресметка ќе се игра во Милано, но на 25 февруари кога ќе се сретнат Интер и Лацио. Ден подоцна ќе го дознаеме последниот полуфиналист по натпреварот Јувентус – Емполи.
„КОПА ИТАЛИЈА“ 1/4 ФИНАЛЕ
Вторник
21.00 АТАЛАНТА – БОЛОЊА
Среда
21.00 МИЛАН – РОМА
25 февруари
21.00 ИНТЕР – ЛАЦИО
26 февруари
ЈУВЕНТУС – ЕМПОЛИ