Во НБА лигата ноќеска на програмата беа седум натпревари. Најнеизвесниот се одигра во Филаделфија каде победи Денвер, а Сан Антонио убедливо славеше над Милвоки.
Никола Јокиќ уште еднаш ја предводеше екипата на Денвер до триумф. На гостувањето во Филаделфија, тимот на Нагетс славеше со 173-134.
Јокиќ постигна 13 поени во последната четвртина, а од нив осум во последната минута со што беше најзаслужен за победата. Србинот оствари двоен ефект со 28 поени, 13 асистенции и девет скока, додека Џамал Мареј постигна 31 поен и 11 асистенции. На спротивната страна брутален беше Тајрис Макси со 42 поени.
Неочекувано убедлив триумф славеше Сан Антонио во дуелот со Милвоки на домашен терен со 144-118.
Бадијала Јанис Антетокумпо го доби индивидуалниот дуел со Виктор Вембањама. Гркот заврши со 35 поени и 14 скокови но неговиот тим загуби. Младиот Французин за победникот постигна 30 поени, а имаше и 14 скокови и 6 блокади.
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Шарлот – ЛА Клиперс 104:112
Детроит – Далас 117:102
Торонто – Чикаго 106:122
Њу Орлеанс – Бостон 110:118
Голден Стејт – Феникс 105:130