Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“.

Настанот го проследија тимските доктори и физиотерапевти од националните репрезентации, како и клупските од Прва и Втора МФЛ и од Прва ЖФЛ.

Организирана од Секторот за медицина и антидопинг и поддржана од УЕФА, медицинската работилница се одржа во хотел „Хилтон“. Истата имаше за цел да им ги презентира најновите знаења и техники поврзани со ургентните медицински состојби во фудбалот.

Во попладневните часови, учесниците имаа можност да се стекнат со практично искуство изведувајќи вежби на фантоми од медицинскиот симулациски центар.