Во НБА лига ноќеска се одигра само еден натпревар, во кој тимот на Оклахома Сити победи на гостувањето кај Портланд.

Тандерси славеа со 108:118 и ја остварија 36-тата победа сезонава, со осум порази. Сега Оклахома која е лидер на западот е и најдобриот тим севкупно во лигата Водечкиот тим на истокот Кливленд Кавалирс има исто така 36 победи, но и пораз повеќе (9).

Што се однесува на синоќешниот натпревар. Решавачка се покажа втората четвртина во која гостинскиот тим дојде до предност од 13 поени (53:66).

Шај Гилгеус-Александер ги предводеше победниците со 35 поени и пет скока, Џејлен Вилијамс додаде 24 поени и осум асистенции.

Најдобар за Портланд, кој е 13-ти на Западот со скор 17-29, беше Дени Авдија со 28 поени и по осум скока и асистенции.