Познати се двата тима кои ќе се борат за титулата во американската фудбалска (рагби) НФЛ лига. Филаделфија „Иглс“ ќе се обидат да му се реваншираат на Канзас Сити „Чифс“, за поразот од финалето пред две години.
Популарните „Шефовите“ од Канзас го победија тимот на Бафало Билс со 32:29 во финалето на американската конференција.
Канзас Сити по петти пат ќе игра во финалето во последните шест сезони, а ќе се обидат да станат првиот тим во ерата на Супербол кој освоил три шампионски титули по ред.
Во Националната конференција Филаделфија убедливо славеа во дуелот со Вашингтон „Командерс“ со 55:23.
„Орлите“ ќе играат во Супербоул по петти пат во својата историја, а трет пат во последните седум години. Единствената титула дојде пред седум години кога ги совладаа Њу Ингланд Патриотс (41:33). Во последниот свој финален меч пред две години кога загубија токму од екипата на Канзас Сити (35:38).
Традиционално, популарниот Супербол секогаш се игра во втората недела на февруари, овојпат на 9-ти, а домаќин годинава ќе биде Њу Орлеанс.