Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на првиот годинашен Гренд-слем турнир Австралија Опен.

Најдобриот светски тенисер, потврди зошто е број еден. Тој во финалето последно од очекуваното го победи варираат светски „рекет“ Александер Зверев во три сета.

Откако го доби првиот со 6-3, во вториот сет се играше тај-брејк кој Италијанецот го доби со 7-4 на поени. И во третиот сет еден брејк беше дово0лен за Синер да го добие сетот со 6-3, а мечот со 3:0.

Со тоа Синер ја одбрани титулата во Мелбурн каде беше најдобар и лани, а по трет пат освои пехар на Гренислем турнирите од кои има еден и од УС Опен.

Зверев ќе мора да бара нова шанса за негова прва Грен-слем титула во кариерата.