Фудбалерите на Милан не само што се спасија од пораз во дуелот со Парма, туку на крајот и славеа триумф.
Во натпреварот од 22.коло на Серија А, одигран во Милано, домашниот тим во судиското дополение стигна до победата со 3-2.
Милан во два наврати губеше со 0-1 и 1-2.
И кога сите очекуваа дека „росо-нерите“ че бидат поразени, во последните мигови дојдоа двата гола. Прво Холанѓанецот, Рајндерс (90+2) израмни на 2-2, а Нигериецот, Чуквуезе (90-4) донесе радост за конечни 3-2.
Милан кој е шести на табелата сега има 34 бодови колку и седмопласираната Болоња.