Репрезентацијата на Унгарија е вториот четвртфиналист од групата 2 што се игра во Вараждин откако во денешниот дуел од последното коло од групата го совлада Катар со 29:23 откако на полувреме беше 12:12. Со триумфот Унгарија стигна до седум бодови, што се недостижни за Македонија, која вечерва ја очекува дуелот со Франција.
Самиот натпревар почна добро за Катар (и за Македонија) откако поведе, а во еден момент катарците имаа и четири голови предност, пред се благодарение на одличниот голман Суљаковиќ. Сепак во 28.минута Унгарија изедначи на 10:10.
На почетокот на вториот дел Унгарија дојде и до три разлика која ја имаше во најголемиот дел од вториот дел, која до крајот беше и зголемена на максимални + 7 (29:22).