Американката, Медисон Кејс е победничка на првиот Гренд-слем годинава, Австралија опен.
Во женското финале во Мелбурн, 19-то рангираната тенисерка ја победи Белорусинката, Арина Сабаленка со 2:1 во сетови.
До својот прв Гренд-слем трофеј, Мејс одигра два неверојатни завршни меча. Прво во полуфиналето ја елиминира втората светска тенисерка Ига Швонтек, а во финалето беше подобра од најдобрата во светот Сабаленка.
Првиот сет го доби Американката со 6-3, а Сабаленка во вториот а противничката и препушти гем помалку 6-2.
Во решавачкиот трет сет, израмнето беше се до 10.тиот гем, по кој Кејс го освои својот сервис и поведе со 6-5.Во следниот направи брејк и го доби сетот со 7-5, а мечот со 2:1.
Така Американката го освои својот прв трофеј на Гренд-слем турнирите, а Сабаленка не успеа трет пат во низа да биде најдобра на Австралија опен.
Утре во машкото финале закажано за 9.30 часот наутро, за трофејот во машка конкуренција ќе се борат прво и второ рангираните светски тенисери на АТП листата.
Светскиот рекет број 1, Италијанецот, Јаник Синер против Германецот, Александар Зверев ќе се обиде втор пат да го освои трофејот во Мелбурн откако лани беше најдобар.