Дуелот против, една од најдобрите селекции во изминатите 15-тина години Франција, е мотив повеќе за македонските ракометари. 

Мотивацијата на македонските ракометари секако нема да недостасува. Тие ќе се обидат се одигра добро против еден од главните фаворити за титулата. 

Лазаров вели дека нема што да загубат неговите избраници и дека ова е меч на кој треба да потврдат дека не случајно се во подем.

„Франција заедно со Данска се едни од најдобрите репрезентации во последните 10 години.

Ние нема што да загубиме. Да се обидеме да одиграме квалитетен натпревар колку што ќе ни дозволи ривалот.

 Ќе биде тешко да се спротивставиме, ќе побарам од моите играчи да немаат многу респект кон противниците, мора да се учиме да играме против поголеми селекции. Треба да се посветиме самите на себе и да веруваме во тоа што работиме”, изјави Лазаров.

Теоретски Македонија пред одигрувањето на натпреварите од последното коло во групата 2, сеуште е во игра за четвртфинале. Дали таа шанса ќе ја имаат црвено-жолтите по првите два натпревари од групата останува да се види. 

Натпреварот Македонија – Франција е последен во оваа група и ќе се игра од 20.30 часот.