Македонската репрезентација денеска е има слободен ден на Светското првенство за ракометари.
По вчерашната победа над Катар и комплетирањето на 3.коло во осминафиналната група 2, Македонија ги задржа шансите за четвртфинале.
Иако тоа се граничи со рубриката „научна фантастика“ сепак избраниците на селекторот Лазаров мечтаат и се надеваат на тоа.
ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА СО ДВЕ ВАРИЈАНТИ
„Математиката“ е јасна, нема се да зависи од настапот на македонските ракометари, напротив. Прво нашите ракометари ќе навиваат за Австрија и Катар.
Доколку овие две селекции слават победи во дуелите со Холандија и Унгарија, репрезентацијата на Македонија останува во игра за второто место. Тогаш македонската репрезентација ќе треба да остане не поразена во дуелот со Франција која гарантирано е прва.
Втората, потешката варијанта вели.
Доколку Холандија и Унгарија не победат (одиграат нерешено) во дуелите со Австрија и Катар, тогаш на Македонија и треба победа над Франција.
Дали сонот за четвртфиналето ќе остане во игра се до последниот натпревар утре во кој Македонија и Франција ќе играат од 20.30 часот, останува да видиме уште по првиот, а потоа и вториот.
Во терминот од 15.30 часот е закажан мечот Австрија – Холандија, а од 18 часот дуелот Унгарија – Катар.
РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ / ГРУПИ | СП 2025 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА