Најтрофејниот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ не успеа во обидот да ја освои 11-та титула на Австралија Опен. Србинот го предаде полуфиналниот меч на Александер Зверев.
Повредата која ја заработи на четвртфиналниот меч против Карлос Акараз, Ѓоковиќ не усепа да ја санира иако два дена не излезе на теренот, време кое го мина на терапија,.
Ѓоковиќ излезе на теренот со завој околу левата надколеница и се чинеше дека се чувствува добро. Меѓутоа, како одминуваше мечот, му стануваше сè потешко да се движи. Во еден момент мораше да земе и лек против болки.
Првиот сет траеше повеќе од 82 минути и Новак потроши многу енергија во него за да го заврши. Зверев го доби сето во тај-брејкот, по што Ѓоковиќ репи да се повлече од теренот.
Таа одлука на Србинот предизвика шок на полните трибини на „Род Лејвер Арена“, а додека го напушташе теренот, од трибините се слушнаа свирежи.
Така Зверев обезбеди пласман во финалето во кое ќе игра против победникот од мечот Јаник Синер – Бен Шелтон.